Насловна / Вести / Нов Противпожарен дом во дел од објектот на АД „Цементарница Усје“

Нов Противпожарен дом во дел од објектот на АД „Цементарница Усје“

Во простор од објектот на АД „Цементарница Усје“ ќе се отвори нов Противпожарен дом.

6

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и генералниот директор на АД “Цементарница Усје”, Борис Хрисафов, го формализираа договорот за искористување на простор од објектот на оваа компанија за отворање на нов противпожарен дом во Кисела Вода.

“Ова е еден голем проект кој ќе донесе голема корист на жителите на општина Кисела Вода, па и пошироко. Ова, пред се ќе значи можност за побрза реакција при несаканите настани, бидејќи, за жал во минатото често се случуваше и покрај силната желба да се помогне, големата оддалеченост да го стори своето, па објектот целосно да изгори, а неретко да има дури и човечки жртви, додека да пристигне екипата од Противпожарната бригада во Драчево. Истата е во близина и на Сопиште, со што освен жителите на Кисела Вода, бенефит ќе имаат жителите на уште една општина“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top