Насловна / Ентериери / Нов луксузен вински бар во Загреб

Нов луксузен вински бар во Загреб

нов вински бар во загреб_3

Со чаша убаво вино или омилен шампањ, сега е можно да се ужива во неодамна отворениот Caffe/Food & Wine Bar „Под Ѕидот“.
Пред две недели оваа шармантна локација во строгиот центар на Загреб, ги отвори своите врати и го привлече вниманието со квалитетно обмислениот ентериер и одличен избор на вино, коктели и пијалаци. Како што велат познавачите, гастро понудата е изедначена со квалитетот и уникатноста на ентериерот и севкупниот концепт, кој бил замислен од страна на сопственикот Борна Јанес. За дизајнот на ентериерот била ангажирана „Снешка Папилон“ која го дизајнирала урбаниот простор во кој доминира индустрискиот дизајн.
Во просторот ништо не е оставено на случајноста, секој детаљ е внимателно избран; од минијатурни репродукции на амфори, во кои келнерот ќе ви ја стави сметката, до оригинално направениот таван обложен со стари весници.

нов вински бар во загреб_1 нов вински бар во загреб_2 нов вински бар во загреб_9 нов вински бар во загреб_8 нов вински бар во загреб_7 нов вински бар во загреб_6 нов вински бар во загреб_5 нов вински бар во загреб_4

Испрати коментар

Scroll To Top