Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Марсел Дишан во Њујорк

Изложба на Марсел Дишан во Њујорк

дишан во гагосијан_2

Вчера во познатата галерија Gagosian во Њујорк се отвори ретроспективна изложба на дела од големиот авангарден уметник Марсел Дишан.
Марсел Дишан во 20-тите години на минатиот век внесе револуција во уметноста на скулптурата и сликарството, кој како и други негови современици одлучиле целосно да ја отфрлат традицијата и во музејските простори да донесат нешто различно, нешто шокантно и нешто што би требало да ги предизвика набљудувачите да го преиспитаат својот поглед на уметноста, на своите вредности, на нивната улога во општеството и културата воопшто.дишан во гагосијан_3 Marcel Duchamp 1967 by Richard Hamilton 1922-2011 дишан во гагосијан_4 Fresh Widow 1920, replica 1964 by Marcel Duchamp 1887-1968
Како што познато, револуционерната идеја на Дишан беше концептот на readymade, на готов индустриски предмет кој се сместува во една сосема различна функција од онаа за која е наменет истиот предмет. Со тоа елитистичките погледи биле многу предизвикани и испровоцирани, бидејќи наместо вообичаените скулптури кои биле сметани за единствени вистински уметнички облици, сега во галериите почнале да влегуваат секојдневни работи, а Марсел Дишан се „осмелил“ себеси да се нарече уметник кога во 1917 година во музејски простор се обидел да изложи едноставен писоар наречен „Фонтана“ со потпис – R. Mutt.
Изложбата ќе биде отворена до 8 август.

дишан во гагосијан_6

Испрати коментар

Scroll To Top