Насловна / Вести / Црна Гора нема да дава нови концесии за мали хидроцентрали

Црна Гора нема да дава нови концесии за мали хидроцентрали

Заштитата на реките, зачувувањето на природата и здравата животна средина се причините поради кои владата на Црна Гора се бори против изградбата ан малите хидроцентрали (МХЕ). Веднаш по конституирањето, владата раскина неколку договори за концесија за изградба на МХЕ. Дополнително, ресорното министерство е одлучно на ставот дека нови концесии нема да се издаваат. Оттаму велат дека „согледувајќи ги резултатите од развојот на енергетскиот сектор преку МХЕ, јасно е дека овој концепт немал за цен унапредување на квалитетот на живот и развојот на локалните заедници, туку создавање на профит за повластени поединци, со целосно занемарување на заштитата на природата“.

Светската организација за заштита на природата покрена кампања против изградбата на МХЕ на Балканот. Како што се истакнува на сајтот на оваа организација, нашиот регион е дом на последните реки со слободен тек во Европа. Субвенциите за производителите на електрична енергија претставуваат главна причина поради која ширум Западен Балкан се планирани околку 2700 МХЕ. Доколку дојде до тоа, стотици речни текови ќе бидат уништени, а трајно ќе бидат изгубени околу 5.000 километри недопрени реки.

MHECG1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top