Насловна / Вести / Норвешка воведува ограничувања на извозот на електрична енергија

Норвешка воведува ограничувања на извозот на електрична енергија

Норвешка подготвува правна рамка за ограничување на извозот на електрична енергија во случаите на ниски ноивоа во хидроакумулациите. Постои и мала можност з арестрикции во снабдувањето, но само за компаниите, рекол министерот за нафта и енергетика Terje Aasland. Операторите на хидроелектраните во координација со владата веќе го ограничиле производството заради заштед на вода, но прописите во разработка ќе го ограничат и извозот на електрична енергија.

norway1

norway3

Со оглед дека Европската унија се обидува да с еослободи од зависноста од руските фосилни горива, некои од земјите членки сметаат на Норвешка, која би им го надоместила недостатокот, но капацитетите се ограничени.  Сушата е идентификувана како еден од најсериозните фактори.  Од друга страна извесно е дека кризата со енергенти во Европа нема скоро да биде надмината, а климатските промени ја принудуваат Норвешка претпазливо да управува со хидропотенцијалот. Министерот потсетил и на енергетските врски со Шведска, Данска, Германија, Велика Британија, Финска и Холандија. Консултантската куќа Cornwall Insight претпоставува дека трошоците за струја и гас з адомаќинствата во Велика Британија во октомври ќе се зголемат за 70%. Островот е поврзан со Норвешка со подморски енергетски кабел со моќност од 1400MW, и повлекува енергија во случај кога ќе се појави недостаток во производството на британските ветерни електрани. Се разбира, новите околности во Норвешка, ќе влијаат и на ситуацијата во земјите со кои таа е енергетски поврзана.

norway2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top