Насловна / Вести / Како фотоволтаиците низ училиштата во САД ги зголемија платите на наставниците?

Како фотоволтаиците низ училиштата во САД ги зголемија платите на наставниците?

Фотоволтаици се поставени во илјадници училишта ширум САД, а бројот на образовни институции кои го усвојуваат овој модел постојано расте. Од 2014 до 2019 година, тој раст бил над 80%, а вкупниот капацитет ан овие инсталации достигнал речиси 1.400 MW.  Едно средно училиште во сојузната држава Арканзас, успеало за три години производство електрична енергија од фотоволтаици, да обезбеди суфицит од 1,8 милиони долари во буџетот на локалната училишна управа, која пред тоа имала дефицит од 250.000 долари.

pvusa1

Ваквиот финансиски пресврт ги поттикнал локалните власти да се обврзат на зголемување на платите на наставниците, во износ од две до три излјади долари годишно. Важно е да се спомене дека се поголем број на проекти за поставување ан фотоволтаици во училиштата се спроведуваат на иницијатива на учениците.

pvusa2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top