Насловна / Вести / Норвешка очекува рекорден извоз на гас во оваа година

Норвешка очекува рекорден извоз на гас во оваа година

Оваа година Норвешка стана најголем снабдувач на Европа со гас, со оглед на состојбите во снабдувањето со гас од Русија. Норвешка ги снабдува Велика Британија, Германија, Белгија и Франција, а од компанијата Gasscо Frode Leversund велат дека ова лето испорачале количини на гас кои вообичаено се барааат во зимски месеци.

gassco1

Во 2022 година Норвешка преку гасоводи ќе испорача над 117 милијарди кубни метри гас, што ќе биде нов годишен рекорд во однос на минатогодишните 113,2 милијарди кубни метри. Вкупните капацитети на Gasscо би можеле да се зголемат со новиот гасовод Baltic Pipe, кој Норвешка преку Данска ќе ја поврзе со Полска, а треба да биде оперативен во октомври.

gassco2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top