Насловна / Вести / На Швајцарците кои ќе имаат претопли домови им се заканува и затвор

На Швајцарците кои ќе имаат претопли домови им се заканува и затвор

Граѓаните на Швајцарија кои ги кршат владините директиви во екот на недостаток на гас во земјата и ги одржуваат своите домови на температура над 19 степени Целзиусови во зима, би можеле да бидат парично казнети, но дури и кривично да бидат процесуирани за намерно кршење на правилата за штедење. Во тој случај им се заканува и казна затвор до три години.

jail1

Швајцарија на 31-ви август покрена национална кампања за спречување на пркините во снабдувањето со електрична енергија и природен гас во текот на претстојната зима. Мотото на кампањата е „Енергијата е ограничена – да не се расфрламе“. Владата изработила и акциски план за решавање на недостатокот на гас, вклучувајќи и квоти за потрошувачката на природен гас. Исто така се повикува и на доброволно намалување на потрошувачката на природен гас за 15% во периодот од октомври до март. Од своја страна, швајцарските агенции за спроведување на директивите се подготвуваат за “вонредни сценарија“ во случај на целосен прекин на електрична енергија.

jail2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top