Насловна / Архитектура / Неверојатен полигон за тестирање на возила, кој реагира на секое движење на автомобилите

Неверојатен полигон за тестирање на возила, кој реагира на секое движење на автомобилите

Во јужната пустина Гоби во Монголија, зградата која е проектирана од страна на Margot Krasojević Architects ја истражува заспаната монолитна архитектура во песочните дини. Полигонот е наречен Sand Drift Proving Ground и се претопува со околината. Изгледа како материјал кој го нанесуваат пустинските ветрови, се издига од пејсажот кога се користи или останува под снег и песок кога е во мирување.  Оваа „закопана“ пустинска зграда се активира со движење. Тоа е полигон на кој во текот на целата година се тестира движењето на теренските возила и нивното однесување во тунелите, поплавените подрачја и на површините под различни нагиби.

krasojevic1

krasojevic2

 

Дизајнот на пробната патека, спонзориран од страна на SAIC, има три зони: торзиони препреки, завиени ленти и реакција на површината.  Тука се и лизгави патеки за издржливост и прегледност, како и вештачки хидроплански поплавени и замрзнати зони. Зградата сама по себе е вештачки пејсаж. Со симулација на опкружувањето, користење на соларен и пиезоелектричен инженеринг, таа имитира различни услови на возење.  Зградата е делумно „закопана“ во пустинска карпа. Така го одржува подземното опкружување многу поразлично од надворешните услови. Климата на локацијата секојдневно се менува, бидејќи температурите во монголската пустина варираат од -30 до +38 степени Целзиусови. Градбата делува како барометар за прилагодување и создавање на вистинско опкружување за тестирање во објектот. Користи сензори за движење за да реагира на движењето на возилата. Исто така секое возило е опремено со сензори за активирање на различни делови од патеката и полигонот.

krasojevic3

Margot Krasojević, проектантот на овој објект, ја освои наградата LEAF 2018 година з анајдобра зграда во изградба како и Drawing Board за Self-Excavation Hurricane House. Номинирана е за Energy Globe awards 2020, a исто така има освоено и GOLD WAN награда за 2020 и 2021 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top