Насловна / Вести / НАСА објави фотографии од финалниот прелет на „Орион“ над Месечината

НАСА објави фотографии од финалниот прелет на „Орион“ над Месечината

Американската вселенска агенција НАСА, објави фотографии со висока резолуција кои леталото „Орион“ ги има направено во текот на финалниот прелет на Месечината. Фотографиите се снимени со значајно модифицираната Go Pro Hero 4 камера поставена на врвот на соларните панели од капсулата „Орион“, а фатен е моментот додека леталото кружело околу Месечината. Фотографиите во текот на првиот близок прелет на Месечината биле прилично „зрнести“, веројатно поради фактот што се снимени со оптичка навигациска камера, а не со GoPro уреди. Се разбира, фотографиите не беа примарна цел на мисијата „Артемис 1“, но важни за PR, а тоа во НАСА е одамна научено правило.

orion1

orion2

orion3

orion4

orion5

orion6

Испрати коментар

Scroll To Top