Насловна / Архитектура / Комплекс за агротуризам во националниот парк Монтремблант, Канада

Комплекс за агротуризам во националниот парк Монтремблант, Канада

Комплексот се развива на површина од речиси сто хектари со мултифункционална програма која има за цел да го промовира агротуризмот, преку акцентирање на автентичноста на националниот парк Монт-Тремблант, во Канада.

3 11 4

Лоциран спроти националниот парк Мон-Тремблант и сместен во долината на реката Ѓавол, агротуристичката локација Фарус нуди единствен и уникатен концепт за престој во Квебек. Искористувајќи го максимумот од природните и нескротливите квалитети на територијата од речиси 100 хектари, проектот го инкорпорира концептот на нордиска фарма, кафе-бар и микро-населба за времено сместување за четири сезони.

Фармата на северната страна на Chemin du Lac-Supérieur, служи како главно седиште за земјоделски активности. Трасата што води до малата фарма за органски зеленчук поминува низ тунели со оранжерии и полиња со цвеќиња. Пешачките патеки започнуваат зад зградата на фармата делејќи ја областа на два дела и им овозможуваат на посетителите на локацијата Фарус да го истражуваат околниот контекст.

Проектот на Atelier L’Abri го позиционира ресторанот на југ, во срцето на функциите што ја поттикнуваат социјалната интеракција на локацијата. Вибрантноста на фасадата им овозможува на корисниците да го искусат уникатниот поглед на Мон-Тремблант и зајдисонцето зад Лорентинскиот планински масив. Средиштето на просторот е резервирано за каминот, како поттик простороуживателите да ја искусат минливоста на природата на што поавтентичен начин. До него се пристапува преку малиот пазар, кој на посетителите им нуди сезонски производи од овоштарникот, како и продукти од локалните производители.

7 9 5 10

При изведба на комплексот, особено внимание е посветено на користењето со локални материјали, особено на фасадната обработка. Формата на микро-домовите ја краси едноставноста, видлива преку архетипскиот облик за дом-засолниште. Органски распоредени и поврзани со патека која го следи теренот. Минималистички во суштина, објектите се повлекуваат во пејзажот, дозволувајќи им на гостите целосно да се претопат во дивата убавина на околниот екосистем.

6 1

Испрати коментар

Scroll To Top