Насловна / Вести / Сараево воведува топлински пумпи во системот за централно греење

Сараево воведува топлински пумпи во системот за централно греење

Иницијативата за воведување на топлински пумпи во системот за централно греење во Сараево е заедничка активност на градските власти и Европската банка за обнова и развој (EBRD). Инаку, ова е само една од повеќето активности на сараевските власти со цел намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои се и користењето на геотермална енергија, како и замена на индивидуалните печки и котли кои користат јаглен.

sarajevo1

Во моментот системот за централно греење во Сараево користи природен гас или мазут, додека домаќинствата кои не се приклучени на овој систем главно се загреваат на дрва или јаглен. Поради тоа, греењето се посочува како еден од главните извори на загадувањето на воздухот во градот. Затоа властите во Сараево и EBRD подготвуваар два проекти за воведување на големи топлински пумпи вода-вода во системот за централно греење. Првиот проект вреден околу 25 милиони евра вклучува инсталирање на топлинска пумпа со моќност од 18 MW, која како топлински извор ќе користи пречистена отпадна вода чија просечна температура во текот на целата година е околу 10 степени Целзиусови. Водата ќе доаѓа од блиската постројка за пречистување на урбаните отпадни води.  Вториот проект, чија инвестиција е проценета на околу 21 милиони евра, предвидува топлинската пумпа со моќност од 21 MW, да ја користи градската вода за пиење како топлински давач. Нејзината просечна температура во текот на целата година е околу 12 степени Целзиусови.  Доколку се реализираат и двата проекти, уделот на произведената топлинска енергија преку топлински пумпи во мреажата за централно греење на Сараево ќе достигне 40%.

sarajevo2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top