Насловна / Вести / Нарачките на ветерни турбини во ЕУ, намалени за една третина во однос на минатата година

Нарачките на ветерни турбини во ЕУ, намалени за една третина во однос на минатата година

Падот на нарачките на ветерни турбини во третиот квартал од 36% во однос на истиот период лани, е дел од опаѓачкиот тренд на нарачки за ветерни турбини во земјите од Европската унија. Во првиот квартал од 2021 година, нарачките имале вкупна моќност од 2,8 GW и оттогаш се намалуваат. Асоцијацијата за енергија од ветерот WindEurope, во новиот извештај истакнува дека нарачките за ветерни турбини во третиот квартал на 2022 година достигнале вкупна моќност од 2 GW.

windeurope1

Нарачките стигнувале од девет европски земји и сите се однесувале за ветерни електрани на копно. највеќе нови капацитети во овој период нарачала Финска, а следуваат Шведска и Норвешка. Вкупните нарачки на ветерни турбини во Европа во текот на оваа година се 7,7 GW, што е далеку од она што и е потребно на Европа за да ги постигне своите енергетски и климатски цели, велат од WindEurope.

windeurope2

Инфлаторните притисоци врз трошоците, бавното издавање на дозволи и неизвесноста околу итните интервенции на ЕУ на пазарот со електрична енергија, ги успоруваат нарачките за нови ветерни турбини. Според идеалното сценарио и климатските политики, во ЕУ до 2030 година би требало да бидат инсталирани 510 GW капациитет во енергија од ветерот. Но, според моменталните показатели, ЕУ е далеку од оставрување на таа цел. Шефовите на држави и влади на ЕУ, неодамна на состанокот ан Европскиот совет и официјално побарале од Европската комисија да го забрза поедноставувањето на процедурите за издавање дозволи за инсталирање на нови ветерни паркови.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top