Насловна / Вести / Најпознатата компјутерска позадина

Најпознатата компјутерска позадина

Иако многумина се убедени дека познатата фотографија е доработена, па дури и целосно вештачка, тоа не е точно. Ова е приказна за тоа како настанала најпознатата компјутерска позадина на сите времиња.

Чарлс О’Рир е роден во 1941 година и работел како фотограф за списанието National Geographic повеќе од 25 години. Од 1978 година неговиот интерес е насочен кон лозарството и производството на вино, па на оваа тема фотографирал насекаде низ светот. Иако цел живот се занимава со фотографија, својата најпозната фотографија не ја направил во тек на планирано снимање, туку сосема случајно. Додека се возел по автопатот 121 во Калифорнија, Чарлс решил да се симне од патот и да фотографира сцена за која често размислувал.

Неколку години подоцна, компанијата Мајкрософт му платила голема сума за оваа фотографија, но О’Рир никогаш не откри за која бројка станува збор. Фотографијата е таква каква што е благодарение на комбинацијата на Фуџи филм, со појачани бои и одличната оптика на камерата што О’Реар ја користел во тоа време.

кк

Не можел сам да ја одреди цената на фотографијата, па Мајкрософт му испратил авионска карта за да дојде во седиштето за да преговара. Фотографијата се прикажува на ХР системот од 2001 година, а секој ден ја гледале повеќе од милијарда луѓе.

Долги години се водела полемика за местото на настанување на оваа фотографија – Ирска, Франција и Нов Зеланд ги претставувале можните локации, за на шпекулациите да им дојде крајот кога компанијата Мајкрософт ја откри тајната чувана со години на YouTube.

Пејзажот со зелени ливади, сино небо и само неколку облаци всушност се наоѓа во Калифорнија, во округот Напа.

„Тоа е снимено во близина на мојата куќа, додека одев во посета на девојка, северно од Сан Франциско. Денот беше баш таков. Фотографијата не е изменета во Photoshop. Тревата беше совршена и сонцето сјаеше. На небото немаше ниту еден облак, но кога се паркирав и ја поставив камерата, се појавија облаците“, изјави О’Рир, пишува DDL.

Подоцна познатото место каде е направена фотографијата е претворено во лозје.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top