Насловна / Вести / Прекумерната употреба на фосфор би можела да доведе до пореметувања во глобалното снабдување со храна

Прекумерната употреба на фосфор би можела да доведе до пореметувања во глобалното снабдување со храна

Прекумерната употреба на фосфор, ги исцрпува резервите витални за глобалното производство на храна, а научниците предупредуваат дека тоа истовремено придонесува за климатската криза. Нашата планета се соочува со „фосфогедон“, предупредуваат научниците истовремено стравувајќи дека нашата злоупотреба на фосфорот би можела да доведе до сериозен недостиг на ѓубриво и пореметување на глобалното производство на храна.

h

Истовремено, фосфатното ѓубриво кое се “измива“ од полињата и завршува заедно со канализациските води во реките, езерата и морињата, предизвикува распространето цветање на алги и создава мртви зони кои го загрозуваат рибниот фонд. Освен тоа, прекумерната употреба на овој елемент го зголемува ослободувањето на метан ширум Планетата, зголемувајќи го глобалното затоплување. „Сега сме во критична пресвртна точка. Можеби ќе можеме да се вратиме, но навистина мораме да бидеме многу попаметни во начинот на кој го користиме фосфорот“, рекол професор Phil Haygarth од Универзитетот Ланкастер. Фосфорот е откриен во 1669 година од страна на германскиот научник Hennig Brandt, и од тогаш се покажало дека е неопходен за живот.

phosphorus2

Во земјоделството игра значајна улога. Околу 50 милиони тони фосфатно ѓубриво се користат годишно ширум светот, како поддршка при растот на посевите. Но, значајни наоѓалишта на фосфор се наоѓаат во само неколку земји: Мароко и земјите во западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е втората локација и Алжир третата. Според тоа, штетата од прекумерното користење е најмалку двојна – исцрпување на ограничените ресурси и влијание врз екосистемите и климатските промени.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top