Насловна / Вести / На повидок раскол во ЕУ поради забраната на бензинци и дизелаши

На повидок раскол во ЕУ поради забраната на бензинци и дизелаши

Група на земји предводени од Германија, кои ги поддржуваат моторите со внатрешно согорување, го интензивираше спорот околу европскиот закон со кој ваквите автомобили ќе престанат да се произведуваат со цел да се намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина.  После состанокот во Стразбур, клучните министри од оваа група земји рекле дека треба да се изменат правилата со кои би се забранила продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, што е веќе прифатено од страна на Европскиот парламент, а земјите членки начелно се согласија.

germany1

Освен Германија и Франција нема намера да се предаде, но истовремено тврди дека ќе постигне нулта стапка на емисии од новите автомобили и комби возила до 2035 гдоина.  Исто мисли и официјален Мадрид. Германија заедно со Италија, Полска, Бугарија и Чешка, настојува да најде дупка во законот со цел на автомобилите да им се овозможи да користат е-горива, синтетички и нешто позелени алтернативи на фосилните горива, кои можат да се користат во конвенционалните возила со мотори со внатрешно согорување. Сите овие земји заедно имаат доволна тежина да го блокираат законот.

germany2

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top