Насловна / Вести / Австрија: Овци наместо косилки за одржување на теренот на фотонапонска електрана

Австрија: Овци наместо косилки за одржување на теренот на фотонапонска електрана

На подрачјето на виенскиот округ Donaustadt, во  2021 година пуштена е во погон една од најголемите фотонапонски електрани во Австрија. На таа локација, стадо од 150 овци наместо косилки ја одржува тревнатата површина во топлите месеци.  Од друга страна пак, во склоп на најновата акција нивната волна се користи за производство на чорапи, со што на неконвенционален начин се промовира соларната енергија.

ovci1

Виенското градско претпријатие Wien Energie во соработка со регионалните компании, направило 200 чифта чорапи од волната на овие овци,  за да се сврти внимание кон иновативните и одржливи методи во енергетиката. Чорапите содржат QR кодови со линкови кои корисниците ги упатуваат на линкови до едукативни видео содржини. Постројката во Donaustadt има околу 25.000 соларни модули и произведува 12 GWh електрична енергија.

ovci2

Wien Energie вкупно располага со над 370 фотонапонски системи, а снабдува со енергија речиси 55.000 домаќинства во главниот град на Австрија. Повеќе од две третини од постројките се сместени на покривите.

ovci3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top