Насловна / Вести / Биотек: Поликлиника каде пациентите се чувствуваат безбедно и добредојдено

Биотек: Поликлиника каде пациентите се чувствуваат безбедно и добредојдено

Столб обложен во форма на стилизирано дрво, централен пулт, акцентирани бои на опрема, се само некои од централните моменти од овој атрактивен простор.

Потребата од проширување на дејноста на лабораториите Биотек Скопје, ја создаде новата формација – поликлиника, која функционира во рамките на истоимената групација.

1 (1)

2 (1)

Имено, новата поликлиника Биотек се наоѓа во населбата Капиштец на површина од 130 квадратни метри во целосно адаптиран и реконструиран деловен простор, сместен во приземје на станбена зграда.

Новите барања донесоа повеќе ординации и нов концепт во уредувањето, а воедно и простор во кој пациентите ќе се чувствуваат пријатно и добредојдено.

4'

5

Функционално просторот го сочинува приемен дел веднаш до главниот влез, каде се наоѓа чекалницата во чиј склоп е сместен санитарен јазол за лица со посебни потреби и инфо пулт со современ израз. Потоа се надоврзуваат ординации со различни намени: интернистичка, педијатриска, гинеколошка, трудова медицина, соба за интервенции и тука се и два санитарни јазли од кој еден е за детски потреби.

9 10

Слободата на проектирање и вербата на инвеститорот во нашата креативност и посветеност, оставија позитивен и единствен белег во опремувањето и дизајнирањето. Концептот е воден од идејата дека здравствената установа треба да биде место каде се чувствуваме безбедно и место каде се регенерираме.

7

Амбиентот е замислен да одишува со хигиена и свежина, со светлина, и да преовладува белина на која се истакнуваат сегменти и елементи и во интензивни бои, но и природни бои на дрво што смируваат, а тука е и црната браварија, еден вид патоказ што ги означува просториите. Различните парчиња мебел во различни бои креираат точки во просторот и додаваат бои на монохроматскиот декор. Дополнително просторот е облагороден со зеленило, со различни видови растенија, но и со зелени облоги на одредени сегменти на ѕидовите.

6

Користени се материјали како оплеменета иверка во повеќе дезени и медијапан фурниран и боен во согласност со бренд-идентитетот на компанијата.

8

Комплетниот изглед кој го направи проектантскиот тим на БИРОПРОЕКТ  (од функционалност до дизајн), даде неповторлив впечаток кој веќе е препознатлив и во нивните други објекти особено во новата и најсовремена генетска лабораторија во населбата Аеродром, која исто така беше  наша креација и наше авторско дело.

При реализацијата на проектите, во целост беа почитувани нашите идеи и замисли, а воедно и барањата и потребите на инвеститорот.

11

Автор: БИРОПРОЕКТ

12 Biotek-Aerodrom 13 Biotek-Aerodrom

генетска лабораторија во населбата Аеродром

Испрати коментар

Scroll To Top