Насловна / Вести / Може ли роботот да го замени градежниот инспектор?

Може ли роботот да го замени градежниот инспектор?

Доколку дојде до оштетувања на некој објект, градежните инспектори влегуваат и ги проценуваат штетите. Но, ова не би било неопходно, доколку би постоеле роботи како дронови кои би можеле да ја извршат проценката. Со цел ова да се реализира, односно во иднина инспекторите да не се изложуваат на опасност, истражувачите во Penn State Department of Architectural Engineering, со помош на софтвер ги следеле движењата на нивните очи, собирајќи податоци за идните роботи. Авторката на истражувањето, Rebecca Napolitano, доцент по архитектонско инженерство, истакнува дека целта е разбирање на начинот на размислување на инспекторите при проценувањето на штетите односно безбедноста на објектите. Особено е важно колку долго се посветува внимание на одредени места во објектот.

damage1

damage2

Во склоп на истражувањето, 10 скоро дипломирани архитекти добиле задача да проценат две фасади со помош на специјални очила кои го следат движењето на окото. Тие имаат две камери – едната е свртена кон објектот, а другата кон окото, мерејќи ја насоката на погледот и состојбата на зеницата. Притоа, учесниците имале неограничено време за проценка на состојбата на фасадите. Иако сите имале исто искуство во дијагностика и завршиле иста обука, сепак им било потребно различно време и биле концентрирани на различни места. Napolitano истакнува дека на крајот мнозинството од нив ги пронашле истите работи, но нивниот пристап бил многу различен. Таа додала дека сепак ова е мал чекор во разбирањето на начинот на размислување на инспекторите заради креирање на алгоритмот. Истражувачите планираат во следната анализа да користат 3D пристап, односно просторија во склоп ан објектот, бидејќи фасадата е дводизмензионална. Резултатите од истражувањето се објавени во Scientific Reports.

damage3

damage4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top