Насловна / Вести / „Моето место под сонцето“- за деца кои живеат во полоши социјални и економски услови

„Моето место под сонцето“- за деца кои живеат во полоши социјални и економски услови

„Моето место под сонцето“ е програма за социјална инклузија наменета за деца и родители од семејства со полоши социо-економски услови, која веќе седум години ја спроведува Здружението за култура „Центар за култура на дијалог“ од Хрватска.

2

Програмата подразбира вклучување на социјално ранливите деца и е замислена да им обезбеди на децата со полоша социо-економска положба, кои живеат во понеповолни животни околности, стимулативна средина во која ќе имаат можност да учествуваат во активности кои нивните родители не се во можност да им ги пружат.

1

Во склоп на оваа програма „Центарот за култура на дијалог“ овозможил адаптација, уредување и опремување на простор со површина 370 квадратни метри во Ријека. Проектот е доверен на архитектите Ана Бољар, Ида Крижај Леко, Ениа Кукоч, Кристијан Мамиќ, Марин Нижиќ, Ариана Сушањ и Дамиан Собол Турина.

3

Просторот на Центарот е отстапен од  Универзитетот во Ријека, а програмата „Моето место под сонцето“ на тој начин станала професионална база на Педагошкиот факултетот, што дополнително ќе ја зајакне работата на здружението за социјална инклузија на децата.

4

За својот проект архитектите велат: „Адаптацијата на просторот „Моето место под сонцето“ носи посебна архитектонска приказна, притоа не потсетува дека за среќа не е потребно многу. Однадвор самостојна, одвнатре динамична, оваа навидум едноставна просторна интервенција нуди неизмерно многу на нејзините главни корисници – деца и родители од семејства кои живеат во полоши социјални и економски услови.

5

Преку низа внимателно одбрани архитектонски потези, вклучително и воведување на вселив ѕид, со манипулација на добро познати градежни материјали како што се видливи блокови од тули или необработени бетонски тавани, и употреба на бои како просторен обединувач, креирана е низа на повеќенаменски простори истовремено со затворен и отворен карактер. Во своето ново руво, ослободен од секаква монотонија и хиерархија, овој простор наменет за програмата за социјална инклузија отвора низа обликовни можности за креативно учество во образованието и активностите кои првично беа недостапни за неговите примарни корисници.

6

Преку архитектура соодветна на контекстот на социјалните и економските проблематики со кои се занимава, оваа имагинативна и прецизна интервенција резултираше со голема просторна и социјална вредност за оние на кои им е најпотребна“.

9

Здружението на хрватски архитекти „Моето место под сонцето“ го номинираше за наградата „Бернардо Бернарди“ – адаптација на простор.

Наградата „Бернардо Бернарди“ за најуспешно годишно остварување во областа на обликувањето и внатрешното уредување се доделува од 1988 година.

7 8 10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top