Ви претставуваме фотографии од колекција мебел дизајнирана од страна на еден од најпознатите актери на денешницата – Бред Пит.
Во соработка со познатиот производител на мебел Френк Поларо, креирана е колекцијата „Пит-Поларо“, која е претставена под мотото „Дизајнирал Пит, а реализирал Поаро. Made in USA“.
Пит со Поларо се сретнале во 2008 година кога наручувал работно биро за својот замок во јужна Франција. Во таа прилика, Поларо забележал дека Пит има голем број на скици на мебел и му понудил на познатиот актер неговите скици да ги претвори во реалност.
Резултатот е мебел со еклектични влијанија од Арт-деко. Сите парчиња се направени рачно во работилницата на Поларо во Њу Џерси.
Оваа колекција е произведена во ограничен број и секое парче е посебно обележано и потпишано.
Дизајнот не е нова област за Бред Пит. Тој во 2006 година го започнал проектот Make it Right во соработка со реномирани архитекти како што се Френк Гери и Дејвид Aџеј за да се обезбеди домување за жителите на Њу Орлеанс кои ги изгубиле своите домови во ураганот Катрина.