Следејќи го природниот пад на теренот, забавиштето ја поврзува закосената ограда со едниот објект на градинката. Градинката е остварување на бугарското архитектонско студио „Конвејер“, а се наоѓа во Софија. Овој едноставен и интересен концепт за детска градинка се состои од три дела: црвена и жолта куќа и ограда која ги опкружува двете структури и креира надворешен простор – двор. Накривувајќи се на една страна, фасадата која личи како да е пресечена на ниво на приземје се обвиткува околу покривот на една од структурите во рамките на градинката.
Централното фоаје се наоѓа помеѓу црвената и жолтата куќа и од него се пристапува до двете структури.
Од фоајето, исто така, се пристапува кон заедничките гардероби и останатите заеднички функции .
Ентериерот е на две нивоа, со функции за игра и спиење, кои се наредени една над друга.
На овој начин е постигнато да од двете структури се има пристап до дворот преку заеднички скалила.
И во внатрешноста и во екстериерот на градинката употребени се живи бои, кои просторот го прават дополнително привлечен за децата, кои се и главни корисници.