Насловна / Вести / Во Прилеп ќе се гради хала за секундарна селекција на отпад

Во Прилеп ќе се гради хала за секундарна селекција на отпад

Fabrika za otpad
Прилеп е еден од ретките градови каде успешно се применува примарната селекција на отпадот, а се подготвува и за изградба на хала за секундарна селекција.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на која раководството на претпријатието направи пресек на сите активности. Локалната самоуправа и претпријатието изработија проект за секундарна селекција на отпадот со изградба на хала, а инвестицијата е околу 15 милиони денари.

– Се чека само градежната дозвола. Линијата за секундарна селекција во вредност од 12 милиони денари е набавена од фирмата „Техникс“ од Хрватска. Таа ќе овозможи да се реселектира отпадот кој со години се носел на депонијата кај селото Алинци. Тоа ќе придонесе депонијата да се затвори и да имаме почиста животна средина, беше потенцирано на конференцијата.

Во тек е постапка и со одлука на Управниот одбор на „Комуналец“ ќе се купи приватно земјиште за изградба на компостара со сопствени средства. Со ова биоразградливиот отпад ќе се преработува во компост кој е применлив во земјоделството и овоштарството.

До 2015 година дури 70 отсто од отпадот во Прилеп ќе се рециклира. Годишно во градот се депонираат 30.000 тони отпад.

Во ЈКП „Комуналец“ во моментов се изработува и проект за санитарна депонија од помал обем за остатоткот од нерециклираниот отпад. Ваквата депонија ќе се реализира само доколку се случи навреме да не профункционира регионална депонија.

Испрати коментар

Scroll To Top