Насловна / Вести / Маск порачува:„Автономните возила мора да работат без поврзаност со интернет“

Маск порачува:„Автономните возила мора да работат без поврзаност со интернет“

Автомобилите на Tesla кои ја имаат технологите на автономно возење, како што се FSD и Autopilot, за својата работа во иднина нема да имаат потреба од интернет. Тој ќе им биде потребен само за ажурирање на системот.

Tesla Debuts Its New Crossover SUV Model, Tesla X

Шефот на Tesla, Илон Маск истакнал дека автономните возила мора да работат без оглед на нивната поврзаност со интернет. Но, за многумина во автомобилската индустрија ова ќе звучи како нов предизвик, со оглед дека досега акцентот беше на постојаната поврзаност на новите возила со интернет, без оглед на технологијата на автономното возење.

musk2

Иако за некои облици на навигација или за повикување роботакси е потребен интернет, Маск смета дека самиот чин на возење треба да биде независен. Со други зборови, автономното возење треба да се фокусира на сензори и контрола на возилото. Првите идеи за автономно возење без поврзаност со интернет, Маск ги претстави уште во третиот квартал ан 2020 година, велејќи дека за навигација по улиците тоа не е потребно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top