Насловна / Вести / Макрон го претстави новиот субербрз и еколошки воз

Макрон го претстави новиот субербрз и еколошки воз

Францускиот претседател Емануел Макрон, во петокот (17.09) ја претстави макетата на новиот еколошки супербрз воз на наредната генерација од познатите француски возови со голема брзина TGV (Train à Grande Vitesse). Првиот  TGV започна да сообраќа пред четири децении. На презентацијата одржана на железничката станица gare de Lyon, во Париз, Макрон посебно ги истакнал еколошките аспекти на новиот воз, подвлекувајќи дека Франција мора да одговори на климатските предизвици, преку намалување на емисиите и пронаоѓање на нови форми на енергија. Макрон зборувал пред модел на возот во природна големина, кој ќе може да прими 740 патници, додека во претходната генерација капацитетот бил 600 патници. Новиот воз ќе започне да сообраќа од 2024 година. Ќе користи за 20% помалку електрична енергија од својот еквивалент од актуелната генерација, а ќе ја задржи максималната брзина од 320 километри на час. Свеченоста е одржана точно 40 години откако тогашниот претседател Франсоа Митеран го стартувал амбициозниот нов проект за TGV, на истата железничка станица.

France-RAIL-TGV-ANNIVERSARY

tgv2

tgv3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top