Насловна / Вести / Бајден ги повика светските челници да ги намалат емисиите на метан

Бајден ги повика светските челници да ги намалат емисиите на метан

Американскиот претседател Џо Бајден, ги повика светските челници да се придружат на САД и Европската Унија, во борбата за намалување на емисиите на метан, надевајќи се на конкретни акции пред меѓународниот самит за климатските промени следниот месец. Бајден ја допре оваа тема во текот на виртуелниот состанок на Форумот на големите економии, продолжение на состанокот на Денот на Земјата, на кој беше домаќин во април, а со намера да ги открие новите амерички цели кои се однесуваат на емисијата на стакленички гасови, како и да ги притисне другите земји да направат повеќе во намалување на сопствените емисии. Велика Британија се одзвала на повикот, а Борис Џонсон ветил дека ќе биде меѓу првите потписници на Обврската за глобален метан (намалување на емисиите за 30% до 2030 година, споредено со 2020 година). Аргентина, Индонезија и Мексико исто така се придружиле на сојузот, додека Гана и Ирак изразиле подготвеност за тоа. Токму овие земји се меѓу 15-те најголеми емитери на метан. Борбата со климатските промени е еден од најважните домашни и меѓународни приоритети на Бајден. Притоа, климатската конференција на ОН, COP26 во Глазгов од 31.10 до 12.11. 2021 се перцепира како критична точка за конкретни акции во однос на запирање на растот на температурите.

metan1

metan2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top