Насловна / Вести / Денес во Градски парк прво еко-кино на точак

Денес во Градски парк прво еко-кино на точак

Денес, со почеток во 8 часот, во Градскиот парк, ќе се организира Климатската акција започува со тебе: сподели ја твојата заложба и генерирај чиста енергија.

Во Градскиот парк на големиот тревник кај чешмичките, ќе бидат еко-активистите на Гоу Грин и со нив ќе може да се направи тура околу јаглеродната коцка од четири метри кубни и ќе може да се пробаат велосипедите кои произведуваат чиста енергија.

Еко-иновацијата овозможува пет велосипеди да произведат струја до еден киловат која е чиста енергија, без емисии на јаглероден диоксид.

klimatska akcija

На коцката со графити се прикажани последиците од климатските промени како и чекорите кои треба да ги преземеме за да ги намалиме последиците, а оставен е простор каде младите ќе се потпишат и ќе се заложат за заштита на животната средина и Планетата.

Од 18ч започнунва вечерниот настан, односно излагање на Амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј како и на експерти за климатски промени и биодиверзитет, како најава за филмот A Life on Our Planet – David Attenborough кој ќе се емитува од 19.30 часот.

Додека трае филмот, петте велосипеди во позадина ќе вртат за да обезбедат струја, а до нив ќе има лед мерачи со црвено-жолто-зелено светло за тоа колку струја произведуваат, односно колку СО2 заштедуваат.

За пријавување на проекцијата, треба да се пополни формуларот на https://forms.gle/1G2b9CxoGjESxmRG6. Капацитетот е ограничен, принципот е прв-пријавен, прв-услужен. Настанот ќе се организира според сите протоколи, и за учество на истиот е потребно да приложите ковид сертификат.

Настанот се организира во рамки на проектот „Climate action starts with you(th)”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top