Насловна / Вести / Љубљанскиот аеродром инсталирше фотоволтаична централа од 500kW

Љубљанскиот аеродром инсталирше фотоволтаична централа од 500kW

Со вградување на фотоволтаици на покривот од гаражното паркиралиште, љубљанскиот аеродром  доби обновлив извор на енергија кој ќе обезбеди 7% од вкупните потреби за електрична енергија на аеродромот и притоа ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 200 тони годишно.

ljubljana1

Инвестицијата која пред шест месеци ја договориле Fraport Sloveniјa, словенечката подружница на германската компанија која управува со најголемиот словенечки аеродром, и компанијата Resalta како инвеститор, вреди 350.000 евра. „Современите системи за сопствено снабдување со електрична енергија, претставуваат голем потенцијал за одржлива енергетска трансформација“, рекол Zmago Skobir, советник на управата на аеродромот и прокурист на компанијата Fraport Sloveniјa, при пуштањето на фотоволтаичната електрана во погон. „Затоа одлуката да се оди во оваа инвестиција беше едноставна, не само од аспект на економичност туку и во насока на намалувањето на  емисиите на CO2“, рекол Skobir.

ljubljana2

Фотоволтаичната електрана со номинална моќност од 500kW, годишно ќе произведува 530 MWh електрична енергија. Електраната ја сочинуваат 1.347 модули кои покриваат речиси 3.000 m2, односно 40% од покривната конструкција во која се сместени гаражите.

Испрати коментар

Scroll To Top