Насловна / Вести / Грција ќе ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување во 2030 година

Грција ќе ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување во 2030 година

Грција го подготви својот прв Закон за климата, и владата се надева дека истиот ќе биде усвоен до крајот на годинава. Една од најважните мерки е забраната на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување во 2030 година. Премиерот Мицотакис изјавил дека од 2025 година, сите нови такси возила и една третина од возилата за изнајмување во Атина и Солун, ќе имаат нулта емисија. Пет години подоцна, ќе се забрани продажбата на нови автомобили со мотори за внатрешно согорување.

greece1

Европската унија го постави таргетот за крај на продажбата на нови дизел и бензински автомобили за 2035 година. Во јули годинава, Европската Комисија пред Судот на Правдата и укажа на Грција за слабиот квалитет на воздухот во Атина предизвикан од високите концентрации на азотен диоксид.

Eco friendly law, politics and eco balance concept. 3d rendering of scale icon on fresh spring meadow with blue sky in background.

Дополнително, новата легислатива предвидува на сите нови резиденцијални објекти од 2023 година, кои имаат пристап до гасната дистрибутива мрежа, нема да им биде дозволено да користат нафта или друго фосилно гориво за греење. На конферецијата COP26, Мицотакис потврди дека Грција ќе ја напушти употребата на јагленот до 2028 година, и дека се прават напори тоа да се случи и порано. Тоа наиде на критики од страна на бројни активисти за заштита на животната средина во Грција, бидејќи премиерот се повика на стариот краен рок, иако владата претходно најави дека последната електрана на јаглен „Птоломеида 5“ ќе ја префрли на гас до 2025 година.

greece3

Испрати коментар

Scroll To Top