Насловна / Арт и дизајн / Како денес би изгледале собите од шест познати слики на славни сликари

Како денес би изгледале собите од шест познати слики на славни сликари

Историјата на уметноста е богата со слики од ентериери, а многу од нив ги прикажуваат личните простори на уметниците, подучувајќи не многу за тоа како живееле и работеле. Овие слики може да се сметаат за историски записи кои пружаат одличен увид во животот на уметниците.

Веб-страницата HomeAdvisor, на креативната агенција NeoMam и нарачала да создаде шест рендери на простории засновани врз познати уметнички-историски ентериери.

Сликата на Ван Гог „Спалната соба“ (1888) ја прикажува неговата скромна соба во Арл, Франција и ни дава интимен поглед на неговиот личен живот. Самиот уметник рекол дека сликата има за цел да предизвика мир и релаксација. Според музејот на Ван Гог во Амстердам, изразито контарсните бои всушност биле резултат на промена на бојата со текот на многу години, ѕидовите и вратите изворно биле виолетови, а не сина боја како што ја гледаме денес.

v1_resize

v2_resize

Грант Вуд, американски сликар најмногу познат по своите слики кои го прикажуваат руралниот американски Среден запад, особено неговата славна слика „Американска готика“ (1930), ни го покажува и ова шармантно ќоше во неговата слика „Сонцето сјае на аголот“ од 1928 година со пригушена, земјана палета на бои.

вуд1_resize

вуд2_resize

Пионерот на апстракција, Василиј Кандински на сликата „Ентериер“ (Мојата трпезарија) од 1909 година, се занимава со истражување на бојата и текстурата, како и со прикажување на својот дом. Еклектичната палета на сликата му дава на просторот чувство на персоналност.

кан1_resize

кан2_resize

Топлината на дрвото на сликата „Ентериер“ од 1913 година на рускиот  импресионист Константин Коровин создава привлечна сцена. Коровин е добро познат по своите пејзажи, портрети и мртва природа; розовите и беж нијанси низ целата слика, заедно со зимскиот снег веднаш зад прозорецот, создаваат тивко, пријатно опкружување.

к1_resize

к2_resize

Сликата на поп арт уметникот Рој Лихтенштајн „Interior With Restful Paintings“ од 1991 година ни покажува шик, пријатна просторија. Сликата, која го претставува зрелиот стил на Лихтенштајн, е од серијата „Ентериери“ во која тој прикажува домашни средини, често инспирирани од реклами за мебел. Во неговото уметничко дело секогаш имало уметничко дело, тука тоа е над каучот.

л1_resize

л2_resize

Едуард Петрович Хау, руски уметник, мајстор за архитектонски акварели, академик на Царската академија на уметностите ни прикажува соба богата со детали на сликата „Дневната соба на Александра Фјодоровна, викенд куќа Палас, Санкт Петербург, Русија“ од 1835 година. Тој на сликата ја прикажува гламурозната внатрешност во која престојувала последната руска царица. Богатото украсување и орнаментика дадени се до детали.

по2_resize

по1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top