Насловна / Вести / „Корлат“ – прв хибриден енергетски парк во Хрватска

„Корлат“ – прв хибриден енергетски парк во Хрватска

Соларната електрана „Корлат“ во Задарската жупанија, со инсталирана моќност од 99MW, ќе биде изградена покрај истоимениот ветерен парк, кој е пуштен во работа минатата година. На тој начин, ќе се создаде првиот хибриден парк на обновливи извори во Хрватска.

korlat1

Новата соларна електрана „Корлат“ ќе се простира на површина од 185 хектари, осум километри северозападно од Бенковац. Хрватското електростопанство (Hrvatska elektroprivreda – HEP), веќе има распишано тендер, а повикот за претквалификација истекува на 6-ти јуни. Оваа инвестиција вреди 66,29 милиони евра, а се рализира со поддршка на ЕБОР, во склоп на проектот на HEP под името GoGreen.

korlat2

Заедно со постеочката ветерна електрана со инсталирана моќност од 58MW, овој хибриден парк ќе има вкупна моќност од речиси 160MW. Вложувањата во ветерни паркови и соларни електрани се дел од инвестицискиот циклус на HEP во обновливи извори на енергија, кој е започнат во 2019 година. Оваа државна компанија планира до 2030 година да го зголеми уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија за 50%, односно да се зголеми од сегашните 6.000GWh, на 9.000GWh годишно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top