Насловна / Вести / Кина испрати нов екипаж астронаути во вселената

Кина испрати нов екипаж астронаути во вселената

Со ракетата Long March, Кина го лансираше леталото Shenzhou-18, со тројца астронаути кои ќе бидат седмиот екипаж на кинеската вселенска станица Тiangong, која во орбитата на Земјата се гради од 2021 година. Еден од членовите на екипажот веќе бил на вселената, додека на другите двајца кои се воени пилоти, ова им е прво вакво искуство. Мисијата е дел од амбициозниот вселенски проект на Кина, која планира до 2030 година да испрати луѓе на Месечината.

Тричлениот екипаж треба да го замени претходниот тим кој во вселенската станица е од октомври минатата година. Тие се враќаат на Земјата со леталото со кое им стигнува смената. Екипажот на Shenzhou-18 ќе помине на вселенската станица половина година. Во тој период ќе изведува научни испитувања и експерименти, ќе инсталира опрема за заштита од вселенски отпад и сл. Кина започна да гради сопствена вселенска станица откако е исклучена од проектот Меѓународна вселенска станица (ISS), главно поради загриженоста на САД во врска со учеството на кинеската војска во програмата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top