Насловна / Вести / Најголемиот принтер на светот може да изгради куќа за 80 часа

Најголемиот принтер на светот може да изгради куќа за 80 часа

Станува збор за принтерот наречен Factory of the Future 1.0 (FoF 1.0), развиен на Универзитетот во Мејн, кој може да испечати објекти со должина од 29, широчина 10 и височина до 5,5 метри. Многу е брз и може да испечати материјал со маса од 227 kg за еден час. Исто така, принтерот може динамички да ги менува техниките на печатење со цел да се прилагоди на различните аспекти на комплексни работи. Може да се адаптира на големо адитивно производство, субтрактивно производство, како и на операции на роботска рака. Овие технологии го прават печатачот погоден за многу индустрии, вклучувајјќи го градежниптвото, како и развој на воени возила. Предноста е и во фактот што може да се користат биолошки материјали, како на пример остатоци од дрво. 

Се очекува дека овој принтер еден ден ќе може да се користи за изградба на цели населби, а неговите карактеристики овозможуваат изградба на една помала семејна куќа за само 80 часа. Но, ќе биде вклучен и во изградба на други објјекти со оглед дека во него веќе инвестирале американското Министерство за одбрана и Министерството за енергетика.

 

Испрати коментар

Scroll To Top