Насловна / Вести / Како изгледа еден од најевтините европски електрични автомобили?

Како изгледа еден од најевтините европски електрични автомобили?

Dartz е компанија од Летонија, која е специјализирана за производство на скапи и уникатни SUV возила. Со својот нов проект, овој производител тргнува во потполно поинаква насока. Freze Froggy EV Beachstar е мал електричен кабриолет кој изгледа како да е излезен од осумдесетите години на минатиот век. Веб страницата на производителот го рекламира овој автомобил со следниот слоган: Најевтиниот електричен автомобил во ЕУ!

dartz1

dartz2

Дали навистина е најевтиниот, не може да се потврди, но изгледа како играчка. Базиран е на кинескиот електричен автомобил Wuling Hong Guang Mini EV. Dartz објаснува дека моделот Freze Froggy EV Beachstar е сспецијално направен за car sharing и за rent a car компаниите. Нуди автономија од 200 километри во стандардната верзија и 300 километри со батерија за долг домет. Моќноста на електромоторот е 41 kW. Според производителот, највисоката брзина е 100 km/h. Од компанијата производител додаваат дека возилото е визуелен омаж на нивните претходни автомобили, Millennium Mercedes, со шасија на G-класата и каросерија на SLK класата направен по нарачка за инвеститорот Џим Роџерс, или на Volkswagen Beatle, која потсетува на жаба и е дизајнирана на почетокот на 90-тите. Dartz планира да започне со испораките на моделот ​​Freze Froggy EV Beachstar во средината на 2023 година. Цената ќе изнесува околу 20.000 евра.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top