Насловна / Вести / Првата ветерна турбина чии лопатки целосно се рециклираат, веќе е пуштена во погон

Првата ветерна турбина чии лопатки целосно се рециклираат, веќе е пуштена во погон

Првата ветерна турбина со целосно рециклабилни лопатки, е веќе инсталирана и пуштена во работа во Северното море недалеку од брегот на Германија. Станува збор за ветерната фарма Kaskasi.

recyclable1

recyclable2

Со брзиот раст на оваа индустрија, се поизразена стана потребата од рециклирање на вградените материјали, со оглед дека користи многу повеќе материјални ресурси во споредба со конвенционалните електрани. Кај ветерните турбини се користат сложени композитни материјали кои можат да бидат отпорни на острите временски услови, но од друга страна ова прави потешкотии во рециклирањето. Компанијата Siemens Gamesa минатата година започна да работи на рециклабилна лопатка. Оваа иновативна лопатка, по завршувањето на експлоатацискиот век, се раздвојува на составните материјали – фиберглас и дрво. Тие влегуваат како суровина во циркуларната економија, со што се придонесува за намалување на отпадот и ефикасно користење на ресурсите.

recyclable3

Технологијата е развиена во фабриката во Алборг, Данска, додека лопатките се произведени во Велика Британија. Ветерниот парк Kaskasi, каде овие лопатки се инсталирани, е офшор електрана во Северното море со вкупно 38 турбини SG 8.0-167 DD. Вкупната инсталирана моќност на ветерниот парк е  342 MW.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top