Насловна / Вести / Инсенераторите во Виена третираат повеќе од еден милион тони отпад годишно

Инсенераторите во Виена третираат повеќе од еден милион тони отпад годишно

Најстарата австриска постројка за спалување на отпад Flötzersteig, започнала со работа пред 60 години. Постројките за спалување отпад во главниот град на Австрија имаат прилично долга историја. Поради својата модерна технологија и одржливост, привлекуваат бројни стручни делегации од целиот свет, за да се уверат во виенскиот пример на добра пракса.

incener1

Постројката Flötzersteig, започнала со работа на 25-ти април 1963 година. Сместена е во 16-тиот градски округ Ottakring во западниот дел на градот, и годишно обработува околу 200.000 тони отпад. Притоа се генерира енергија која се користи за греење на 55.000 виенски домаќинства. „Со изградбата на инсенераторот Flötzersteig, за прв пат одржливото управување со отпадот излегува во прв план. Имено, поради се поголемата потрошувачка и воведувањето на амбалажа, Собранието на град Виена донело одлука во 1959 година, отпадот да се спалува. Истата година е поставен камен темелник за оваа постројка, а четири години после пуштањето во погон се обработувал околу 60% од отпадот во Виена. Топлинската енергија добиена со спалување на отпад веќе тогаш започнува да се користи за греење на блиските згради.

incer2

Во изминатите 60 години, технологијата значително е подобрена. Котлите се модернизирани со цел да се подобри ефикасноста, а има и најмодерен систем за прочистување на димните гасови. Вредностите на емисиите се далеку под гранично дозволените вредности, а оваа година поставени се и пет кошници со над 200.000 пчели.

incer3

На територијата на градот Виена се наоѓаат вкупно четири постројки за спалување на отпад. Три се во сопственост на виенското енергетско претпријатие Wien Energie, а една е во сопственост на градот. Поради својата препознатлива шарена фасада која е насликана според идејата на славниот уметник и еколошки активист Friedensreich Hundertwasser, постројката за спалување отпад  Spittelau е вистинска туристичка атракција и една од најчесто фотографираните знаменитости на Виена. Се наоѓа во округот Alsergrund, а годишно обработува околу 250.000 тони комунален отпад. Со топлинска енергија се снабдуваат над 60.000 домаќинства, а со електрична енергија околу 50.000 домаќинства. Во 11-тиот округ Simmering, кој е резиденцијално и индустриско подрачје, се наоѓа постројката Simmeringer Haide, која е пуштена во погон во 1980 година. Благодарение на посебната опрема, таму е можно спалување не само на комуналниот туку и на опасен и медицински отпад, како и отпаден муљ. Оваа постројка има еден од најмодерните системи за прочистување на димни гасови во Европа. Различните видови отпад се обработуваат на различен начин.

incer4

Сите постројки за спалување на отпад во Виена заедно обработуваат повеќе од еден милион отпад годишно и произведуваат електрична енергија за стотици илјади тамошни домаќинства.

 

Испрати коментар

Scroll To Top