Насловна / Вести / Илон Маск: Најверојатно ќе умрат многу луѓе во освојувањето на Марс

Илон Маск: Најверојатно ќе умрат многу луѓе во освојувањето на Марс

Основачот на компанијата „SpaceX“, Илон Маск, изјави дека најверојатно ќе умрат многу луѓе за време на обидот на човештвото да отиде на Марс.

Морбидната прогноза Маск ја изнесе во обид да ги побие тврдењата дека неговите обиди да го освои Марс се всушност „опција за бегство од Земјата за богатите луѓе“.

mask

„Би можеле да умрете. Ќе биде неудобно и веројатно нема да има добра храна“, рече Маск пред Питер Дајмондс, основач на фондацијата за научни откритија „X Prize“.

Описот на патувањето до Марс треба да го вклучи и тоа дека ќе биде „напорно и опасно патување од кое можеби нема да се вратите живи“, додаде американскиот милијардер.

„Искрено, веројатно многу луѓе ќе умрат на почетокот“, наведе Маск, инсистирајќи дека тоа ќе биде прекрасна авантура и фантастично искуство.

„Не е за секого. Само волонтери!“, заклучи Маск.

Испрати коментар

Scroll To Top