Насловна / Арт и дизајн / Како „Бикот“ на Пикасо го инспирирал минималистичкиот дизајн на „Apple“

Како „Бикот“ на Пикасо го инспирирал минималистичкиот дизајн на „Apple“

„Потребна е многу напорна работа за да се направи нешто едноставно, вистински да се разберат основните предизвици и да се изнајдат елегантни решенија“, рече еднаш Стив Џобс.

Screenshot 2021-04-26 100937

Се разбира, дека зборуваше за Apple и неговиот познат ригорозен процес на дизајнирање. Но, доколку би ја опишувале серијата од 11 литографски цртежи наречени „Бик“ создадени од Пабло Пикасо помеѓу 1945 и 1946 година, описот ќе звучеше речиси исто.

p0

Почнувајќи со вешто осенчен, реалистично прикажан бик, а завршувајќи со неколку линии кои само го евоцираат изгледот на животното – на наједноставен можен начин, оваа серија брилијантно го демонстрира процесот на разложување на сликата во нејзините основни компоненти.

Интересно, но не и чудно, Apple го инкорпорира принципот на бикови на славниот сликар во својата интерна програма за обука, со цел да стане своевиден амблем за дизајнерите на нивните производи, кои се во вечна потрага по дизајн целосно растеретен од нефункционална орнаментика.

p6

Но, каква порака стои зад оваа серија, која Пикасо ја создаде повеќе од половина век пред да се креира iPod?

Приказната за сликарот и неговите бикови започнала на 2. ноември 1945 година, кога влегол во студиото во сопственост на графичарот Fernand Mourlot. Пикасо експериментирал со литографски цртежи во текот на 20-тите, но само површно и прилично несигурно. Меѓутоа, тоа се променило за четири месеци, во тек на кои редовно работел и до 12 часа на ден, што резултирало со четири серии: две фокусирани на женски глави, една на актови и последната на бик.

Првиот цртеж на бикот бил извонреден и многу реален.

p3

„Мислев дека е тоа тоа. Но, Пикасо продолжи да црта понатаму и секој следен цртеж беше поминималистички од претходниот. Не беше тешко да се забележи колку сме збунети од неговата работа. Нему тоа му беше смешно, но не се предаваше во својата намера, додека бикот се помалку личеше на бик. Во тој процес, тој се смееше и велеше: Видете, ќе му го дадеме овој дел на месарот“, рекол Fernand Mourlot.

Процесот на создавање на неговите литографски цртежи бил невообичаен од уште една причина: тој за секој цртеж го користел истиот камен, преправајќи го секој пат. Иако литографските цртежи полесно се корегираат од бакрописите или гравурите, премногу корекции ја заматуваат сликата, меѓутоа тоа не било случај кај Пикасо.

p4

„Како литографи, бевме воодушевени од него. Пикасо ќе го истругаше каменот, ќе додадеше мастило и креон и ќе сменеше сè повторно. Вообичаено би било дека по ваквиот третман, работата да биде уништена, така што воопшто да не може да се дешифрира. Но, тоа кај него не беше случај. Секој пат му успеваше. Како? Тоа е мистерија“, додава литографот Jean Célestin.

p5

Пикасо со новиот медиум се запознавал на ист начин како и со сликарството – разбивајќи ги конвенциите

„Кога печатачот го запознаваше со нова техника, тој ќе речеше:„Јас тоа ќе го направам поинаку “. Тоа беше предизвик за него – тој уживаше да го прави она што печатачите ќе му кажат дека не е можно “, изјавила Deborah Wye, поранешен кустос во Музејот на модерна уметност.

Истовремено, во процесот имал потреба да апстрахира, што резултирало со разложување на објектот во неговите есенцијални графички елементи.

„Две дупки – тоа е симбол за лице, доволно за да се долови без дополнително претставување“, помисли Пикасо.

Последниот цртеж е составен од само 12 линии, а сепак е непогрешиво – бик.

„Кога ќе погледнете во малкуте линии, едноставно не можете да замислите колку труд е вложено во тоа“, додава Mourlot.

p2

Пикасо честопати над овие цртежи умеел да ја пробдее ноќта, а кога студиото ќе се затворело за време на празници, тој своите дела ги носел дома и го продолжувал процесот.

Производите на Apple исто така бараат интензивен процес на дизајнирање.

Шефот за дизајн во Apple, Jonathan Ive, изјавил дека при дизајнирање производи, тие се обидуваат да се ослободат од сите детали што не се апсолутно потребни, инсистирајќи само на принципот на функционалност.

Screenshot 2021-04-26 101001

p7

„Треба длабоко да ја разберете суштината на производот за да можете да се ослободите од деловите кои не се есенцијални“, вели Ive.

Apple овој принцип го направи императив врз кој се темели интерната и екстерната комуникација на компанијата. Императив, кој би можел да се сведе на:

„Нека биде едноставно, но значајно“.

nn

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top