Насловна / Вести / Иднината пристигна – роботи во кафуле во Јапонија (видео)

Иднината пристигна – роботи во кафуле во Јапонија (видео)

Веројатно ќе се согласите дека дваесет и првиот век е одлично време да откриеме колку роботите можат да и помогнат на човечката раса.

И додека многу луѓе сè уште се плашат дека роботите можат да ја заземат нашата планета, тоа може да се погледне и од сосема поинаков, потопол агол. Рop-up кафето, наречено Dawn Café лоцирано во Токио, користи роботи наместо луѓе келнери.

3_resize

Ова е создадено како резултат на соработката помеѓу NPO Nippon Foundation, авиокомпанијата ANA и стартап компанијата Ory, кои го конструирале OriHime-D, робот висок 120 сантиметри, кој ќе се управува од далечина. Идејата била да се вработат лица кои се парализирани поради ALS, повреди на ‘рбетниот мозок и други состојби и да им се даде можност да уживаат во социјалниот живот.

1_resize

5_resize

Благодарение на фактот дека роботите OriHime-D би биле опремени со камери и звучници, човечките оператори можат во живо да слушнат и да видат сè што се случува околу роботот. Кафулето Pop up официјално ги отвори своите врати на 22 јуни во Нихонбаши, со името Avatar Cafe DAWN ver.β.

Роботите ќе примаат нарачки од гостите, додека истовремено со нив ќе комуницираат емотивно. Секоја маса во кафулето има и iPad, кој ќе им го олесни нарачувањето и ќе им овозможи да комуницираат преку текстуални пораки со луѓето кои управуваат со роботите.

2_resize

4_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top