Насловна / Архитектура / Palmas 555 во Мексико, една од бруталистичките икони на Латинска Америка

Palmas 555 во Мексико, една од бруталистичките икони на Латинска Америка

Juan Sordo Madaleno (1916 – 1985) е еден од најважните мексикански архитекти на своето време. Тој работел со други реномирани архитекти, вклучувајќи ги Luis Barragán, Jose Villagran Garcia, Augusto H. Álvarez, Ricardo Legorreta, Francisco J. Serrano и José Adolfo Wiechers.

0_resize

Архитектонски, тој првично е сместен во стилот на Баухаус и влијанието на Ле Корбизје. Sordo Madaleno е проектант на голем број хотели и станбени згради.

Во 1937 година, ја основа својата архитектонска фирма, денес позната како Sordo Madaleno Arquitectos SC.

2_resize

Еден од неговите најзначајни објекти, кој се смета и за бруталистичка икона на Латинска Америка е зградата Palmas 555 во Мексико Сити.

Зградата Palmas 555 сместена е во регионот на градот наречен Lomas de Chapultepec и еден од последните проекти на Madaleno.

4_resize

Оваа зграда изградена 1975 година е кула од девет ката за канцеларии, додека нејзиното постоље на две нивоа е наменето за комерцијални простори. Секој кат е хоризонтално повлечен, за да се создаде непогрешливо распореден профил на објектот.  Покрај неговата привидна нестабилност, конструкција со крута рамка го пренесува оптеретувањето вертикално по целата висина на објектот. Секое ниво е формирано од полн парапед, превслечен со темен алуминиум, над кој се наоѓаат прозорци поставени на периметарот.

6_resize

н_resize

Означувајќи го како пример на „контра-тренд“ во контекст на мексиканската модерна и сопствената кариера на Sordo Madaleno, архитектонските критичари истакнуваат дека зградата „покажува дека напуштањето на ортогоналниот поредок, не е предуслов за постигнување провокативни форми“. Поради својата авангардна форма, оваа зграда денес е една од најпознатите градби на архитектот.

3_resize 5_resize

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top