Насловна / Вести / Директивата за обновлива енергија „оди“ против европските шуми

Директивата за обновлива енергија „оди“ против европските шуми

Европската комисија го објави законодавниот пакет Fit for 55, мноштво предлози и политики кои имаат за цел намалување на емисиите во Европската унија за 55% дo 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година. Меѓутоа, ажурираната Директива за обновлива енергија (RED – Renewable Energy Directive) активно ќе оди против оваа цел и според тоа се заканува дека ќе работи и против напредокот кој овој пакет ќе го постигне, предупредува здружението за заштита на птици BIOM. Потпретседателот на Европската комисијаTimmermans ветил дека ќе обезбеди услови биоенергијата да „не донесе повеќе штета отколку корист“. Но, после жестокиот притисок на лобијата на интензивно шумарство од Финска и Шведска, двете најшумовити земји во ЕУ, Комисијата попуштила. Според тоа, дрвопреработувачкото и шумарското лоби успеале да го протуркаат натамошнот користење на биомасата во ЕУ. Во вкупната енергија која во моментот ЕУ ја добива од обновливи извори, грубо 60% настанува со согорување на бомаса или горива добиени од биомаса – а од тоа 18% од согорување на шумско дрво. Предлогот на новата директива ќе поттикне понатамошно зголемување на горењето на дрвото, бидејќи тоа и натаму ќе се смета за климатски прифатливо.

wood1

wood2

 

Испрати коментар

Scroll To Top