Насловна / Вести / Идејата за летечко такси станува реалност во 2024? Ќе чини исто како и врвните автомобили

Идејата за летечко такси станува реалност во 2024? Ќе чини исто како и врвните автомобили

Идејата за летечките автомобили постои уште од 30-тите години на минатиот век, а се чини дека речиси сто години подоцна, би можела да стане реалност. Имено, еден стартап од Изреал го претстави својот прв летечки автомобил со две седишта, за кој се надеваат дека ќе се користи за превоз на патници веќе во 2024 година.

air1

Електричното летало за полетување и слетување нормално на подлогата (eVTOL), првенствено ќе се продава во САД, каде Федералната управа за авијација (FAA) две години соработувала со програмерите од компанијата AIR на подготовка на лиценцирањето и прописите. Од AIR се надеваат дека до крајот нa 2023 година, ќе добијат одобрение за возилото AIR ONE, за кое се очекува дека ќе чини „одприлика исто како врвен патнички автомобил“. Сепак, објавени се малку детали за цената и достапноста на возилото. Има две седишпта и може да мине до  177 километри со едно полнење. Ќе се продава на клиенти кои можат да го користат софтверот Fly by intent, кој овозможува управување без обука односно лиценцирани пилоти. Компанијата AIR минатата година собрала нешто помалку од 10 милиони долари за финансирање на овој проект, а средствата се искористени за низа пробни летови без екипаж. Компанијата исто така направила низа прототипови во реална големина, потребни за регулаторниот процес.

air2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top