Насловна / Архитектура / Како изгледа Националната библиотека во Париз по 10 години реновирање

Како изгледа Националната библиотека во Париз по 10 години реновирање

Десетгодишната трансформација на 300-годишната Национална библиотека на Франција во Париз опфати обемна работа: од реставрација на фасадата, преку создавање на внатрешна градина, реновирање на инсталации до создавање нови објекти за посетителите.

Pariz

Откако ќе биде отворена за јавноста, посетителите ќе можат да влезат во библиотеката преку пристапната зона што води од Лувр до операта. Двата влеза во зградата од Rue Vivienne и Rue Richelieu треба да станат новите централни точки на градот, од кои минувачите ќе бидат поканети да ја откријат внатрешноста на ова извонредно наследство во срцето на Париз.

Реновирањето на библиотеката е еден од најголемите проекти што ги води француското Министерство за култура и комуникации, во соработка со Министерството за национално образование, високо образование и истражување.

Pariz1

Проектот за реновирање го изведоа архитекти од Atelier Bruno Gaudin, во соработка со EGIS, CASSO и 8’18.

Оваа монументална градба е реновирана на начин што соодветно ги зачувува историските збирки, притоа одржувајќи ги меѓународните стандарди за безбедност и пристапност, а по реновирањето во новата библиотека ќе се чуваат повеќе од 20 милиони документи.

Од вкупно 58 илјади квадратни метри, десетгодишниот проект за реновирање опфати 30 илјади квадратни метри од објектот.

Pariz2

Првата фаза на работите, која се одвиваше од 2011 до 2016 година, опфати реновирање на половина од зградата лоцирана покрај улицата Ришелје, а во овој простор беа организирани изложбени простори, книжарница, кафуле, едукативни простори и комерцијални продавници.

Pariz3

Од 2017 до 2021 година, работата беше извршена на втората половина од зградата, која се наоѓа долж улицата Вивиен и која ја вклучува галеријата Мазарин, таканаречената Овална соба, Кабинетот на кралот, градината Вивиен и музејскиот простор.

Библиотеката се очекува да биде отворена за јавноста во летото 2022 година, пишува ArchDaily.

Pariz4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top