Насловна / Арт и дизајн / Слика на Ван Гог запленета од нацистите, наскоро на аукција

Слика на Ван Гог запленета од нацистите, наскоро на аукција

По повеќе од сто години откако последен пат е видена во јавноста, слика на Винсент Ван Гог, која своевремено била запленета од страна на нацистите, ќе биде понудена на аукција, а се очекува да постигне цена од 30-тина милиони долари. Сцената на жетва во акварел под името Meules de blé (Стогови сено), прикажува жени кои работат на поле. Насликана е во 1888 година, кога поради лошата здравствена состојба уметникот се повлекол на село. За време на својот престој тој бил воодушевен од пасторалниот начин на живот. Акварелот е само едно од неколкуте негови дела создадени на тема жетва во тој период.

van2

Во каталогот на Christie’s стои дека сликата „ја прикажува опседнатоста на Ван Гог со јапонската уметност“.  Тука пишува и дека првобитно сликата му припаѓала на братот на уметникот, а подоцна добила нов сопственик – индустријалецот со еврејско потекло Max Meirowski, кој ја купил во 1913 година. Соочен со прогонот на Евреите во Германија, тој бил приморан да ја довери сликата на еден свој сограѓанин кој во Париз тргувал со уметнички дела. Потоа сликата била сопственост на Miriam Caroline Alexandrine de Rothschild, која и самата избегала во Швајцарија, по почетокот на Втората светска војна. Во текот на окупацијата на Франција, нацистите ја опљачкале колекцијата на Rothschild, земајќи ја со себе меѓу останатите и сликата  Meules de blé. Во 1941 година, сликата е преместена во националниот музеј Jeu de Paume, кој нацистите го користеле за чување на запленетата уметност која ја нарекувале „дегенеративна“. Потоа, делото е преместено во дворецот Schloss Kogl во Австрија и станува дел од неименувана приватна колекција. Фамилијата  Rothschild настојувала повторно да ја добие изгубената слика во сопственост, веднаш по падот на нацистичкиот режим, но тоа не им успеало. Во 1978 година сликата е купена од страна на колекционерот Edward Lochridge Cox, тексашки нафтен магнат. Последен пат сликата била изложена за јавноста во 1905 година, во склоп на ретроспективната изложба на Ван Гог во амстердамскиот музеј Stedelijk. Уметничките дела опљачкани од нацистите, во последните години се предмет на неколку спрови за сопственост.

van3

Испрати коментар

Scroll To Top