Будење со звук и мирис на подготовка на кафе, само со потчукнување на прстите може да звучи како сè уште да сонувате. Сепак, Bubble Lab неодамна се здружи со Swift Creatives со цел сонот да се претвори во реалност со помош на роботска машина за подготвување кафе наречена Drip.
Целосно автоматизиран апарат за кафе, кој се контролира по пат на апликација излегува од работната површина, додека дозерот за вода се свиткува и движи директно над вашата шолја, протокот на вода одговара на протокот на зрната и се придржува до вашиот избран рецепт, што резултира со совршено прелевање секој пат.
Модерниот, минималистички стил на Drip, преовладува во дизајнот, сè до јадрото на машината. Специфично дизајниран за оптимизирање на просторот на пултот, Drip може со изгледот да се замени со славина на мијалник. Тенокото тело на апаратот за кафе што го прави возможно шоуто лежи веднаш под пултот. Телото ја испорачува дозата со калена вода идеална за прелевање.
Drip исто така е прилагодлив на корисникот, а придружната апликација обезбедува социјална платформа за споделување, учење и курирање на сопственото мени засновано врз постоечки рецепти одобрени од бариста. Со својата ненаметлива завршница, од сите агли Drip носи чувство на знаење и модерност во секоја кујна и кафе – бар.
Bubble Lab од Пекинг го оживува кафето како доживување, славејќи ја културата, производството и социјалното значење на пијалокот.