Насловна / Вести / И Словенците ќе произведуваат литиум јонски батерии во партнерство со Кинезите

И Словенците ќе произведуваат литиум јонски батерии во партнерство со Кинезите

Словенечки TAB, производител на батерии за стартување автомобили и индустриски батерии, со седиште во Межица, основаше заедничка компанија TAB-Haidi со кинески партнер, заради стартување на производство на литиум јонски батерии во Преваље. Стартот на ова производство се очекува на пролет 2022 година, изјавил извршниот директор на TAB,  Bogomir Auprih. Во првата фаза, компанијата ќе вработи речиси 300 луѓе. Auprih веќе ја најавил можноста за проширување на производството и во Македонија каде TAB веќе има свој погон за оловно-ацидни батерии, но додава дека во опција се и Италија и Шпанија. „Се приклучуваме кон возот на зелената транзиција преку трансформација на нашето производство базирано на оловни ќелии, на оваа нова, модерна област“ рекол Auprih. Станува збор за прв погон од ваков вид во словенија, додека во Европа во моментот с еградат околу 40 слични поголеми погони. Производството во Преваље ќе биде воспоставено во новоизградена, но никогаш некористена производна хала, која компанијата ја купила од фармацевтската компанија Lek. До крајот на март следната година, TAB ќе превземе 95 работници од Lek, бидејќи оваа фармацевтска компанија во 2022 година ќе престане да произведува антибиотици во Преваље. TAB-Haidi е основана во партнерство со кинеската Haidi Energy Technology, која работи од 2011 година, и има речиси 800 вработени во четири производни погони. TAB има 74% удел во заедничката компанија. Кинескиот партнер ја обезбедува технологијата и развојот, додека производните погони и опремата се одговорност на TAB.

TAB1

tab2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top