Насловна / Вести / До крајот на деценијата, Fiat само со електрични автомобили

До крајот на деценијата, Fiat само со електрични автомобили

До крајот на оваа деценија, италијанскиот производител на автомобили Fiat, ќе произведува само електрични автомобили, потврдил извршниот директор Olivier Francois. „Го истражуваме подрачјето на одржлива мобилност за сите: ова е нашиот најголем проект. Помеѓу 2025 и 2030 година, нашата линија на производи постепено ќе стане само електрична. Тоа ќе биде радикална промена за Fiat“, навел тој во соопштението упатено до јавноста непосредно пред Светскиот ден за заштита на животната средина. Пред нешто повеќе од една година, Fiat го претстави својот нов, целосно електричен модел 500e, а Francois навел дека во финална фаза на развој е и спортската електрична Abarth верзија за 500e. Оваа најава е поврзана со состанокот кој извршниот директор го имал со архитектот Boeri, познат по резиденцијалните кули во Милано прекриени со дрвја и растенија. Тие двајца разговарале за потребата од итни промени во урбаните подрачја во насока на намалување на загадувањето. Уште една новина е дека познатата кровна патека на старата фабрика на Fiat во Торино, ќе добие зелена трансформација во вид на висечки градини со околу 28.000 садници.

fiat1

fiat2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top