Насловна / Арт и дизајн / „Исчезнати души“: САД во Камбоџа враќаат украдени антиквитети

„Исчезнати души“: САД во Камбоџа враќаат украдени антиквитети

Соединетите држави враќаат 27 украдени антиквитети во Камбоџа, вклучително и хиндуистички и будистички статуи, а по долгогодишна работа на њујоршките истражители на тој случај на криумчарење.

кк_resize

Вредноста на предметите се проценува на околу 3,8 милиони долари, а меѓу статуите е и бронзениот Буда кој медитирал на Нага и статуата на хинду-божеството Шива.

Државниот обвинител на округот Менхетн соопшти дека враќањето на 27. реликвии во Камбоџа ја враќа важната врска помеѓу класичното доба и нејзините современи обичаи и верувања, која предолго била нарушена од алчноста на трговците со украдени антиквитети.

кк1_resize

Камбоџанскиот министер за култура и ликовна уметност Пенг Сакона изјави дека антиквитетите се „исчезнати души“ на предците на земјата.

Антиквитетите кои ќе бидат вратени во Камбоџа се меѓу речиси 400 предмети вратени во 10 земји по истрагата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top