Насловна / Вести / Huawei закажа глобална објава за 21-ви октомври

Huawei закажа глобална објава за 21-ви октомври

Компанијата Huawei закажа нова објава на производи за 21-ви октомври, а настанот ќе се одржи во Виена. Huawei не објави кои производи ќе бидат промовирани на споменатиот датум. Поканата која ја добиле медиумите, вклучува и мобилен телефон, што укажува дека е можно да бидеме сведоци на глобалната објава на Huawei P50 серијата, која во текот на јули беше претставена во Кина.  Со оглед на гласините дека Mate 50 серијата за оваа година е откажана, се претпоставува дека глобално ќе бидат објавени P50 моделите. Кога станува збор за Huawei P50 линијата, се очекуваат P50 и P50 Pro. И двата телефони имаат 50MP главни камери, со тоа што стандардниот модел го покренува Snapdragon 888, додека  Pro верзијата користи Kirin 9000 SoC.

novproizvod1

novproizvod2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top