Насловна / Вести / Покривот на студенстски дом во Виена ќе биде живеалиште за 200.000 пчели

Покривот на студенстски дом во Виена ќе биде живеалиште за 200.000 пчели

Дека големите градови се привлечни живеалишта за пчелите, веќе долга низа години покажуваат примерите како градот Виена. Меѓутоа, пчелите да живеат во студенстски дом е сосема нов пристап. Оваа есен пет пчелни заедници ќе бидат пречекани од студентите во студентскиот дом Viennabase19. Како што соопштува градската власт, пет кошници со вкупно 200.000 пчели се поставени на покривот на овој студентски дом. За нив ќе се грижи виенското здружение на пчелари, а се проценува дека на овој начин ќе биде можно да се соберат до 60 килограми мед за студентите кои се жители на домот. Во околината се наоѓаат ливади за испаша, додека наесен ќе бидат посадени и овошки. Viennabase19 е еден од четирите студентски домови на компанијата Base-homes for students GmbH и е дел од компанијата Wien Holding . Оваа компанија уште од 1963 година нуди 1600 модуларни станови за студенти по поволни цени.

David Bohmann

„Wien Holding е иницијатор на процесот на модернизација и развој во Виена, и во голема мера придонесува за обликувањето и реализацијата на стратегиите за одржливост на градот“, велат од оваа компанија. „Здружението на пчелари во Виена, Wiener Bezirksimkerei произведува органски мед во сите грдски окрузи. Нивната цел е зближување на пчелите и луѓето во градот. На овој начин се поддржува регионалното производство и се дава придонес во зачувување на биодиверзитетот во градот“, соопштуваат од администрацијата на Град Виена.

pceli2

pceli3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top